Трговски дефицит од 2,1 милијардa долари

Bez autora
Feb 06 2011

Македонија во текот на 2010 година извезла стоки во вредност од 3,30 милијарди долари, а увезла за 5,45 милијарди долари. Трговскиот дефицит во периодот јануари-декември 2010 година изнесува 2,148 милијарди долари. Според податоците на Државниот завод за статистика, покриеноста на увозот со извоз е 60,6 отсто. Најголемо учество во извозот имаат производите од железо и од челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Најмногу стоки се извезени во земјите-членки на ЕУ (61,3 отсто) и во земјите од Западен Балкан (30,8 отсто), а најмногу се увезени од земјите-членки на ЕУ (53,1 отсто) и земјите во развој (27,7 отсто).

Трговски дефицит од 2,1 милијардa долариМакедонија во текот на 2010 година извезла стоки во вредност од 3,30 милијарди долари, а увезла за 5,45 милијарди долари.

Трговскиот дефицит во периодот јануари-декември 2010 година изнесува 2,148 милијарди долари. Според податоците на Државниот завод за статистика, покриеноста на увозот со извоз е 60,6 отсто. Најголемо учество во извозот имаат производите од железо и од челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Најмногу стоки се извезени во земјите-членки на ЕУ (61,3 отсто) и во земјите од Западен Балкан (30,8 отсто), а најмногу се увезени од земјите-членки на ЕУ (53,1 отсто) и земјите во развој (27,7 отсто).

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и со Русија, со кои се врши 44,1 отсто од вкупната трговска размена.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik